 |
ТРЕНЕРИ
|
|
|
|
СЕРТИФИЦИРАНИ
ТРЕНЕРИ ОД BANKAKADEMIE FRANKFURT/M |
Г-дин
Киро Чадиковски, е роден на 09.05.1974 во Скопје. Во
1998 година, дипломирал на Електротехничкиот факултет,
Универзитет "Св. Кирил и Методиј"-Скопје, насока
компјутерска техника, информатика и автоматика. Во 2002
година, се запишува на последипломски студии на
Економскиот институт-Скопје, насока "Финансиски
менаџмент". Во 1998 година се приклучува на одделот на
картички во рамките на Комерцијална банка А.Д. Скопје.
Од 2001 година, Киро Чадиковски е Раководител на
Службата за банкарски картички и е одговорен за
работењето со платежни картички во рамките на
Комерцијална банка а.д. Скопје. Темата на неговата
презентација на завршниот испит за тренер е: "Основите
на работењето со картички". Учествува на двонеделниот
студискиот престој во Франкфурт на Мајна во
февруари/март 2002 година, каде што имаше можност да се
запознае со системот и работењето на банките во Сојузна
Република Германија, како и банкарството на Европската
унија. |
Г-ѓа
Весна Јовановска е родена на 30.05.1973 година во
Скопје. Дипломира во 1996 година на Универзитет
"Св.Кирил и Методиј" Скопје, Економски факултет-Скопје.
Запишана е на последипломските студии по Монетарна
економија на Економски факултет-Скопје. По дипломирањето
се вработува во компанијата "Еуро-мак", која го издава
економското списание "Економија и Бизнис". Од 1999
година работи во Македонска банка за поддршка на
развојот, во Секторот за кредитирање (долгорочно и
краткорочно кредитирање на претпријатијата). Темата на
нејзината презентација на завршниот испит за тренер е:
"Процедури за прием, обработка и одобрување на кредитни
барања". Учествува на двонеделниот студискиот престој во
Франкфурт на Мајна во февруари/март 2002 година, каде
што имаше можност да се запознае со системот и
работењето на банките во Сојузна Република Германија,
како и банкарството на Европската унија. |
Г-ѓа
Јелена Миновска е родена во Скопје на 26.12.1974
година. Во 1997 година, дипломира на Економскиот
факултет-Скопје, Универзитет "Св. Кирил и Методиј",
Скопје, насока деловна бизнис економија, финансиско
сметководствен менаџмент. Во 1998 година е запишана на
постдипломските студии од областа на Монетарната
економија на Економскиот факултет-Скопје. Во 1998 се
вработува во штедилница Младинец-Скопје, како Референт
за финансиски маркетинг, а подоцна е унапредена во
Референт за Економско-финансиски консалтинг. Во своето
работење г-ѓа Миновска е инволвирана во изработка на
инвестициони програми, бизнис планови, советување на
мали бизниси и анализа на пазарот. Темата на нејзината
презентација на завршниот испит за тренер е: "Финансиска
анализа на кредитобарателот". Учествува на двонеделниот
студискиот престој во Франкфурт на Мајна во
февруари/март 2002 година, каде што имаше можност да се
запознае со системот и работењето на банките во Сојузна
Република Германија, како и банкарството на Европската
унија. |
Г-ѓа
Ирена Митревска е родена во Битола на 18.04.1972
година. Дипломира на Универзитетот "Св. Климент
Охридски"-Битола во 1999 година, насока економија на
туризмот. Од 1993 година работи во Кредитна банка А.Д.
Битола, а од 2001 година Тетекс кредитна банка А.Д.
Скопје, филијала Битола. Има седумгодишно искуство во
службата за платен промет со странство (дознаки и
акредитиви). Со почетокот на промените на платниот
промет во Република Македонија во текот на 2001 година,
унапредена е на работно место, Раководител на службата
за платен промет во земјата. Темата на нејзината
презентација на завршниот испит за тренер е: "Платниот
систем во Македонија: инструменти за плаќање". Учествува
на двонеделниот студискиот престој во Франкфурт на Мајна
во февруари/март 2002 година, каде што имаше можност да
се запознае со системот и работењето на банките во
Сојузна Република Германија, како и банкарството на
Европската унија. |
Г-ѓа
Викторија Митреска е родена во Скопје на 11.09.1973
година. Во 1999 година, дипломира на Економскиот
факултет во Скопје, Универзитет "Св. Кирил и Методиј",
насока финансиско-сметководствен менаџмент. Истата
година се вработува како асистент на даночниот советник
на Меѓународниот монетарен фонд за имплементација на
данокот на додадена вредност, а од 2000 година работи
како кредитен референт во ТЏ Зираат Банкаси, Подружница
Скопје. Од 2001 година г-ѓа Митреска работи како Виш
соработник во Секторот за средства и ликвидност во
Стопанска банка А.Д. Скопје на проблематиката на
депозитно работење на правни лица. Темата на нејзината
презентација на завршниот испит за тренер е: "Основите
на депозитното работење". Учествува на двонеделниот
студискиот престој во Франкфурт на Мајна во
февруари/март 2002 година, каде што имаше можност да се
запознае со системот и работењето на банките во Сојузна
Република Германија, како и банкарството на Европската
унија. |
Г-ѓа
Климентина Попоска е родена на 02.05. 1973 во
Скопје. Дипломира во 1996 година на Универзитет "Св.
Кирил и Методиј", Економски факултет-Скопје, насока
деловна економија. Во 2002 година ги завршува
последипломските студии од областа на Монетарна
економија на Економскиот факултет-Скопје, со одбрана на
магистерскиот труд: "Инструменти за монетарно регулирање
во транзиционите економи". Во 1998 година се вработува
во Економскиот институт-Скопје, како помлад асистент
истражувач во областа на монетарната и кредитна
политика, а во текот на 2002 година е унапредена во
асистент истражувач за истата проблематика. Вкучена е во
научноистражувачката дејност на Економскиот
институт-Скопје и има објавено повеќе трудови од областа
на монетарната економија. Секретар е на проектот
"Банкарска економија". Темата на нејзината презентација
на завршниот испит за тренер е: "Банкарскиот систем во
Република Македонија: Проблеми и можности за решавање".
Учествува на двонеделниот студискиот престој во
Франкфурт на Мајна во февруари/март 2002 година, каде
што имаше можност да се запознае со системот и
работењето на банките во Сојузна Република Германија,
како и банкарството на Европската унија. |
Ставриќ
Сузана е родена на 09.10.1969 година во Скопје. По
завршување на економските студии на Економскиот
факултет-Скопје, Универзитетот "Св. Кирил и Методиј", се
вработува во приватното трговско претпријатие "Ексимко".
По 3 годишно искуство се вработува во "Дајнерс клуб
интернационал Скопје". Во текот на 1999 година,
започнува да работи во Експорт Импорт Банка А.Д. Скопје,
како референт во одделение за кредитирање на стопанство
(краткорочни и долгорочни кредити, денарски и девизни,
сите видови гаранции), како фронт оффицер. Темата на
нејзината презентација на завршниот испит за тренер е:
"Организациона структура на секторот за
кредитирање-Фронт Оффице версус Бацк Оффице". Учествува
на двонеделниот студискиот престој во Франкфурт на Мајна
во февруари/март 2002 година, каде што имаше можност да
се запознае со системот и работењето на банките во
Сојузна Република Германија, како и банкарството на
Европската унија. |
Г-дин
Александар Станојковски е роден на 06.01.1968 во
Штип. Во 1991 година, дипломира на Економскиот
факултет-Скопје, Универзитет "Св. Кирил и Методиј".
Поседува над десетгодишно искуство во оценувањето на
инвестиционите проекти и проценка на вредноста на
претпријатијата. Од 2001 година, г-дин Станојковски ја
извршува функцијата Помошник директор на Корпоративниот
сектор во Стопанска банка А.Д. Скопје. Темата на
неговата презентација на завршниот испит за тренер е:
"Управување со кредитниот ризик". Учествува на
двонеделниот студискиот престој во Франкфурт на Мајна во
февруари/март 2002 година, каде што имаше можност да се
запознае со системот и работењето на банките во Сојузна
Република Германија, како и банкарството на Европската
унија. |
Г-ѓа
Наташа Стојанова е родена во Скопје на 18.05.1975.
Дипломира во 1998 година на Универзитет "Св. Кирил и
Методиј" Скопје, Економски факултет-Скопје, насока
Деловна бизнис економија/Финансиско сметководствен
менаџмент. Запишана е на последипломски студии по
Монетарна економија на Економски Факултет-Скопје.
Насловот на нејзиниот магистерски труд гласи:
"Финансиски деривати: Инструменти за управување со
ризикот". Во 1999 работи, кратко време работи во
Министерство за финансии како Советник во Секторот за
буџети и фондови. Од јули 1999 година се вработува во
Комерцијална Банка АД Скопје како Самостоен референт во
Дирекцијата за девизни кредити, Сектор за односи со
странство. Темата на нејзината презентација на завршниот
испит за тренер е: "Дериватите со посебен осврт на
форворд договорите". Учествува на двонеделниот
студискиот престој во Франкфурт на Мајна во
февруари/март 2002 година, каде што имаше можност да се
запознае со системот и работењето на банките во Сојузна
Република Германија, како и банкарството на Европската
унија. |
Г-ѓа
Мирјана Трајановска е родена на 29.01.1965 година во
Тетово. Во 1987 година, дипломира на Економскиот
факултет-Скопје, Универзитет "Св. Кирил и Методиј".
Поседува повеќегодишно искуство од областа на управување
со ликвидноста стекнато во Стопанска банка А.Д. Скопје.
Во 2001 година е назначена за Директор на Секторот за
средства и ликвидност. Темата на нејзината презентација
на завршниот испит за тренер е: "Платениот систем во
Република Македонија". Учествува на двонеделниот
студискиот престој во Франкфурт на Мајна во
февруари/март 2002 година, каде што имаше можност да се
запознае со системот и работењето на банките во Сојузна
Република Германија, како и банкарството на Европската
унија. |
Г-дин
Владо Трајковски е роден на 13.05.1951 година.
Дипломира во 1976 година на Универзитет "Св.Кирил и
Методиј" Скопје, Економски факултет-Скопје. Поседува
долгогодишно банкарско искуство започнувјќи од Стопанска
банка А.Д Скопје, каде што работи како кредитен
референт. Во текот на 1980/81 година преку фирмата
"Македонија-инвест" е вклучен во проектот Мисуратта,
Либѕан, Хамахириа, најпрво како Раководител за
комерцијални и финансиски работи, а подоцна како
помошник Директор на комерцијалниот сектор во Скопје. Во
1984 година се враќа во Стопанска банка каде од 1986 до
1993 е директор на Дирекција за работи по увоз-извоз и
платен промет со странство. Во периодот 1993-2000 година
работи во Аламако банка А.Д. Скопје како Директор на
Секторот за странство, а подоцна и како вршител на
должност директор на банката. Од 2000 година г-дин
Трајковски е помошник директор на Тетекс кредитна банка
А.Д. Скопје. Темата на неговата презентација на
завршниот испит за тренер е: "Банарскиот систем во
Република Македонија". Учествува на двонеделниот
студискиот престој во Франкфурт на Мајна во
февруари/март 2002 година, каде што имаше можност да се
запознае со системот и работењето на банките во Сојузна
Република Германија, како и банкарството на Европската
унија. |
Г-ѓа Јулиана Генадиева е родена на 25.06.1964 година
во Тетово. Дипломира во 1988 година на Универзитет "Св.
Кирил и Методиј", Економски факултет-Скопје, насока
финансиско-сметководно и банкарство. Во 1988 година е
вработена во Тетовска банка А.Д. Тетово. Од 1992 година
работи како кредитен референт во Службата за средства,
деловна политика и кредитирање на правни лица. |
|
|
|