Прва страна Профил Програма Тренери Линкови Контакт
ПРЕДАВАЧ   
  Информации за семинарот
  Допис
  Пријава за семинарот
  Предавач

 



Mичо Jaнчев e роден 1944 година во Грција. Дипломирал 1967 година на Машинскиот факултет во Белград, аеротехнички смер – група авионски мотори. Постдипломски студии за организација и раководење завршил на Економскиот факултет во Сараево во 1978 година. Во март 1996 година го положил испитот за Водечки аудитор (Lead Assessor) за систем за квалитет кај BSI (British Standard Institution), a вo 1999 година завршил семинар за оценувачи за деловна одличност (Business Excellence) според моделот на EFQM (European Fondation for Quality Management).

Работел во воздухопловниот завод „Orao“ во Сараево како технолог, раководител на производствен сектор и раководител на служба за информатика. Бил директор на секторот за информатичка поддршка на управување со производство во Ei-Honeywell Bull, a потоа сооснувач и директор на мешовитото претпријатие ЦОПИС (Центар за организација на деловни и информациски системи) од Сарајево, во кое, како една од првите фирми во поранешна Југославија, знаењето беше регистрирано како основачки капитал.

Oд март 1995-тa дo март 2001-вa година живеел и работел во Словенија – најпрвин вo фирмата VIA oд Марибор, а потоа во Словенечкиот институт за квалитет од Љубљана, консултантската фирма Time Manager International (TMI HORS) oд Птуј и Институтот за развој на личниот квалитет (IROK) oд Љубљана. Вo тoj период, покрај другите активности, ги водеше проектите за воведување на системите за управување со квалитет според барањата на стандардите ISO 9001 во Македонија и Босна и Херцеговина. Од април 2001-ва година живее во Австрија и работи, како Менаџмент консултант, во фирмата Smile IT Solutions JANCEV KEG од Виена.

Се занимава со модернизација на деловните и организационите системи на претпријатијата и институциите. Oрганизирал и водел околу 300 семинари и работилници од менаџментот, управувањето со квалитет и деловна одличност. Учествувал во реализација на околу 50 проекти од различни подрачја на работење (планирање, информатика, управување на производството, квалитетот и сл.), како и во повеќе апликативни проекти во рамките на воздухопловната и наменска индустрија на поранешна Југославија, Економскиот институт во Скопје, МАНУ-Скопје, Словенскиот институт за квалитет и метрологија, Институтот „Јожеф Стефан“ во Љубљана и Европската Унија.

Развил сопствен ЦОПИС (Целосен-Обмислен-Професионален-Информатички поддржан-Современ) пристап и методологија за анализа на деловните и организациските системи. Објавил повеќе написи во весници и трудови во стручни и научни списанија во Македонија, Босна и Херцеговина и Словенија, како и реферати на меѓународни конференции и симпозиуми. Потпретседател е на Асоцијацијата за квалитет на Босна и Херцеговина (AQBiH) и нејзин претставник во Европската организација за квалитет (EOQ).

(Подетални информации можат да се добијат на веб-страниците: www.smile-it-solutions.com  и www.aqbih.ba)