Прва страна Профил Програма Тренери Линкови Контакт
СЕМИНАР   
  Информации за семинарот
  Допис
  Пријава за семинарот
  Предавач

 

Семинар Q1.S:
ISO 9000:2000 – ЗАБЛУДИ И ВИСТИНИ
14-15 февруари 2007 година

Kвалитетот почнува и завршува со едукација. (Kaoru Ishikawa)

НАМЕНЕТО
На организациите и институциите кои имаат намера да воспостават систем за управување со квалитет во согласност со барањата на меѓународниот стандард ISO 9001:2000, а кои се сретнуваат со разни, често контраверзни, толкувања за суштината на
стандардите од семејството ISO 9000:2000, што резултира со голем број дилеми, натрупани заблуди и нереални очекувања.

ЦЕЛИ НА СЕМИНАРОТ И ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ
 
Демистифицирање на стандардите од семејството ISO 9000:2000.
 
Растоварување од заблудите, како прв чекор кон креативната примена на стандардите за управување со квалитет во сопствената средина.
 
Запознавање со филозофијата и современите трендови во управувањето со квалитетот. 
 
Поврзување на теоријата и практиката.

ПЛАН НА РАБОТА

I ДЕН
  09,00 – 09,15 Oтварање на семинарот: Цели и очекувани резултати
  09,15 – 09,45 Meѓусебно запознавање (Прашалник П-1)
  09,45 – 10,15 Историја и филозофија на квалитетот
  10,15 – 10,45 Квалитет и систем за квалитет: Вчера, денес, утре
  10,45 – 11,15 Кафе пауза
  11,15 – 12,00 Стандардите ISO 9000:2000 – Позадина и структура
  12,00 – 13,00 Стандардите ISO 9000:2000 – Заблуди

II ДЕН
  09,00 – 10,00 Најчести грешки при воспоставување на систем за управување со квалитет
  10,00 – 10,45 Стандардите ISO 9000:2000 – Вистини
  10,45 – 11,15 Кафе пауза
  11,15 – 12,00 Воспоставување на систем за управување со квалитет: Основни насоки
  12,00 – 12,30 Сертифицирање на систем за управување со квалитет:
Искуства од практиката
  12,30 – 13,00 Заклучна дискусија: До сертификат и понатаму

ПОЈАСНУВАЊА
  Tраење на семинарот (предавања + дискусија): два дена, односно 4 + 4 часа или вкупно 8 часа.
  Број на учесници: минимално 15, максимално 30.
  Предавач: Мичо Јанчев, Smile IT Solutions JANCEV KEG – Виена.
  Учесниците добиваат копија од презентираните материјали и потврда за учество.
  Помошна опрема: PC-компјутер, LCD-проектор, графоскоп, школска табла или flip-chart.
  Време и место на одржување: 14 и 15 февруари 2007 во Скопје
  Пријавување: најмалку 6 дена пред почетокот на семинарот на приложениот формулар.
  Пожелно е учесниците претходно да ги достават своите прашања, проблеми и дилеми.
  Котизацијата по учесник: 5.000,00 МКД, се плаќа најдоцна 3 дена пред почетокот на семинарот.

Уплатата на котизацијата се врши на жиро-сметката на ЦЕНТАРОТ ЗА БАНКАРСТВО И ФИНАНСИИ-СКОПЈЕ, број: 200000791787906 Стопанска банка ад, Скопје.