|
Скопје, 15 јануари 2007 година
Почитувани,
ЦЕНТАРOT
ЗА БАНКАРСТВО И ФИНАНСИИ – Скопје (ЦБФ) и SMILE IT
Solutions JANCEV KEG oд Виена, како институтиции кои се
бават со продажба на услуги од советодавен и образовен
карактер од областа на менаџментот, квалитетот на
работењето и банкарството, потпишаа договор за
партнерска соработка во реализацијата на образовните
активности во Република Македонија. Kooрдинатор на
активностите од страна на ЦБФ е д-р Благоја Наневски, a
oд страна на SMILE IT Solutions Mичо Јанчев.
Според податоците објавени во Извештајот на
Меѓународната организација за стандардизација (ISO) за
2005 година Македонија се наоѓа на дното на листата во
поглед бројот на издадени цертификати за стандардите за
управување со квалитет ISO 9001:2000, односно
„околинските“ стандарди ISO 14001. Очигледно, кога е
квалитетот во прашање, Македонија значително заостанува
во однос на новопримените членки на ЕУ, односно земјите
кандидати. Наведените податоци се сериозен сигнал за
превземање на конкретни акции за надминување на
постоечката состојба.
Со таа цел, поаѓајќи од своите мисии во промоција на
квалитетот на севкупното работење во услужниот сектор, а
посебно во дејноста на банкарските услуги, ЦБФ и SMILE
IT Solutions организираат еден циклус на обуки наменети
на раководните кадри во банките. Основната цел е да се
демистифицираат одредени поими од подрачјето на
системите за управување со квалитет (QMS) и стандардите
ISO 9000:2000, бидејќи растоварувањето од заблудите е
првиот чекор кон нивната креативна примена во
сопствената средина. Истовремено, сакаме да ги
погледнеме стандардите за квалитет од вистинската страна
– oд страната на менаџментот, презентирајќи информации
за најновите светски и европски трендови и документи,
наменети за банкарските услуги, како БАЗЕЛ 2, Системот
за управување со сигурноста на информациите и стандардот
ISO/IEC 27001:2005, сo што се создаваат реални
претпоставки за нивното меѓусебно поврзување и примена
во практиката.
Ја користиме приликата да Ве поканеме да земете активно
учество во реализацијата на нашите образовни активности
планирани во периодот Февруари – Април 2007 година.
(Програмата на првиот семинар дадена е во прилогот).
Интердисциплинарноста во согледувањето на проблематиката
и вoспоставувањето на контакти помеѓу разни организации,
претставува еден од најважните резултати на сите наши
обуки. Поради тоа, предлагаме, покрај Вас, на семинарите
да учествуваат уште неколку компетентни претставници од
Вашата организација, кои можат да дадат личен придонес
во остварувањето на наведените цели. Во текот на
семинарите предвидена е интерактивна работа на сите
учесници, па зтоа Ве молиме, уште при пријавувањето, да
ни ги доставите вашите конкретни прашања, барања, или
дилеми за кои би сакале да се разговара за време на
одржувањето на семинарите. (Пријавата за семинар дадена
е во прилогот).
Искрено се радуваме на средбата со Вас и Вашите
соработници!
Д-р
Благоја Наневски
Mичо Јанчев |