|
РАБОТИЛНИЦА:
ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ НА КРЕДИТИРАЊЕ ЗА СИГУРНОСТ, ПРОФИТАБИЛНОСТ И ЛИКВИДНОСТ
Септември 2005 година
ЦЕЛ НА ОБУКАТА
Со работилницата ќе се воведат и применат најдобрите
практики на класичното банкарство во областа на
корпоративното позајмување. На учесниците ќе им бидат
пренесени меѓународните искуства како би моѓеле да
изградат солидно портфолио на заеми. Посебно внимание ќе
се обрне на банкарските производи во банкарството на
големо и мало, целните групи во кредитирањето, како и
организацијата на кредитниот сектор, со цел учесниците
да се оспособат за воспоставување на ефикасна и
ефективна кредитна структура.
МЕТОДОЛОГИЈА
Методологијата која ќе се применува во обуката
претставува комбинација на кратки предавања,
интерактивна настава, групна работа, дискусија и веѓби.
Основна цел на обуката е учесниците да се стекнат со
нови практични знаења од областа на современата
банкарската економија и да се оспособат истите да ги
применуваат во практиката. Групната работа ќе се
поттикнува со цел да се воспостави активно учество и
меѓусебно учење. Со тоа ќе се оствари размена на знаења
и искуства. Обучувачите како олеснувачи ќе ги
охрабруваат учесниците во размената на нивното
професионално искуство и ќе помагаат во анализата и
разбирањето на концептите кои се предмет на наставата.
Тоа ќе биде подрѓано со практични примери и работен
материјал кој ќе се користи во текот на наставата.
ПРВ ДЕН ▪
Стратешко планирање за банки ▪
Институции на пазарот на пари и пазарот на капитал
▪
Пазар и производи:
-производи во банкарство на мало
-производи во банкарство на големо
-тргување и инвестирање ▪
Зајмување на банки
-банкарско пречекорување
-рочен заем
-лизинг
-факторинг ВТОР ДЕН ▪
Целни групи во кредитирањето
-поединци
-компании ▪
Ограничувања
-ризици
-банкарска регулатива
▪
Кредитна политика и процедури
-кредитна политика
-директиви
-процедури
▪
Создавање на култура при кредитирањето
ТРЕТ ДЕН
▪
Организација на кредитниот сектор
-општи начела
-структура на кредитниот сектор
-централизирана наспроти
децентрализирана организациона структура
-организациона структура на кредитниот сектор на сите нивоа
▪
Авторизација
-процес на авторизација
-цели на авторизацијата (квалитет на кредитот, цена на кредитот,
пристап до информации)
-методи на автотризација
▪
Рестрикции на кредитната активност
▪
Оценка на семинарот
ПРЕДАВАЧИ
д-р Томе Неновски |