|
ЦЕЛОДНЕВНА ОБУКА ВО БАНКАРСТВОТО
ВО СОРАБОТКА СО “BANKAKADEMIE”
ФРАНКФУРТ/М
РАБОТИЛНИЦА:
ДЕВИЗНИТЕ ОПЕРАЦИИ И НИВНАТА
ОРГАНИЗАЦИЈА (FOREX)
14 до 16 февруари 2005 година
ЦЕЛ НА ОБУКАТА
Работилницата има за цел да ги обучи вработените во
банките, другите финансиски институции и претпријатијата
за различните видови на девизни операции и нивната
организација. Ќе бидат обработени поважните девизни
операции кои се користат во меѓународните плаќања, како
и меѓународно прифатената практика и термини. Девизните
операции ги опôаќаат и ризиците од неочекувани промени
на курсевите.
Работилницата го опфаќа дневното работење на
кредитниот сектор. Учесниците ќе се стекнат со знаење за
методологијата на управување со кредитите на модерното
банкарство. Активното учество на тренингот ќе придонесе
за примена на содржината на работилницата во
управувањето со кредитниот ризик на локално ниво.
ЦЕЛНА ГРУПА
Вработени во одделенија за меѓународни операции,
вработени во одделенија за деловни односи, вработени во
филијали, менаџери за банкарски производи, вработени во
Back - Office, нововработени и лица кои сакаат да
стекнат нови или да ги прошират познавањата од областа
на меѓународните банкарски операции.
МЕТОДОЛОГИЈА
Методологијата претставува комбинација на предавање,
интерактивна настава и дискусија. Учесниците ќе бидат
поттикнувани активно да учествуваат на семинарот со
прашања и со презентација на нивните знаења и искуства.
Освен тоа, ќе бидат применети студии на случај и
калкулации со цел да се зголемат аналитичките вештини на
учесниците во врдска со меѓународните плаќања и
девизните операции.
Ќе биде
поделен стручен материјал на англиски јазик за натамошно
користење.
За
работилницата ќе биде обезбеден превод од англиски
јазик.
НА
УЧЕСНИЦИТЕ ЌЕ ИМ БИДЕ ДОДЕЛЕН СЕРТИФИКАТ НА АНГЛИСКИ
ЈАЗИК ОД "BANKAKADEMIE" ФРАНКФУРТ/М И "ЦЕНТАРОТ ЗА
БАНКАРСТВО И ФИНАНСИИ" СКОПЈЕ".
СОДРЖИНА
▪
Кредитни
политики и процедури
▪
Фундаментални концепти
▪
Девизни пазари
▪
Учесници на пазарот
▪
Валути и карактеристики
на валутните пазари
▪
Пазарни услови
▪
Промет и девизен курс; Котации
▪
Купување и продажба
▪
Инструменти на девизниот пазар
▪
Краткорочни, среднорочни и своп операции
▪
Ризици и управување со ризикот
▪
Анализа и управување со ризиците
▪
Девизно одделение
▪
Служба за заднински односи
▪
Ностро сметки
ПРЕДАВАЧ
Lieselotte Souren Експерт
на “Банкакадемие” Франкфурт/М.
МЕСТО И ВРЕМЕ НА ОДРЖУВАЊЕ
Скопје,
14 до 16 февруари 2005 година,
од 09.00 до 16.00 часот |