Прва страна Профил Програма Тренери Линкови Контакт
СЕМИНАР   
  Информации за семинарот
  Пријава за семинарот

 

ЦЕЛОДНЕВНА ОБУКА ВО БАНКАРСТВОТО И ФИНАНСИИТЕ
ВО СОРАБОТКА СО "БАНКАКАДЕМИЕ" ФРАНКФУРТ / М


РАБОТИЛНИЦА: БАЗЕЛ II - РАНГИРАЊЕ И ПРИНЦИПИ ЗА МЕНАЏМЕНТ СО РИЗИКОТ (РИСК МЕНАЏМЕНТ)
16-18 ноември 2004 година

ЦЕЛ НА ОБУКАТА
Работилницата се однесува на осознавањето и разбирањето на принципите на Базел 2 во врска со барањата и последиците за секоја поединечна банка. Цел на обуката е учесниците да се оспособат за примена на принципите на Басел 2 како алатка за управување со кредитниот ризикот и за воспоставување на соодветна организација на банкарските организации во оваа област. Ќе се третира и прашањето на рангирањето на малите и средните претпријатија како составен дел на управувањето со ризикот.


МЕТОДОЛОГИЈА
Наставникот ќе користи кратки предавања, водена дискусија и групна работа со примери, а со цел да се поттикне активно учество на учесниците и меѓусебно учење. Во тек на обуката учесниците ќе се стекнат со нови знаења и ќе се оспособат истите да ги применуваат во практиката.

На учесниците ќе им биде доделен сертификат на англиски јазик од Банкакадемие Франкфурт//М и Центарот за банкарство и финансии-Скопје.

Предавањето ќе се одвива на германски јазик, со превод на македонски, а ќе биде поделен материјал на англиски јазик.

ЦЕЛНА ГРУПА
Директори на банки, раководители на сектори за кредитирање, вработени во секторите за кредити-рање, раководители на секторите за ризици, врабо-тени во секторите за управување со проблематични заеми и ризици и контролори.

СОДРЖИНА
 ▪ Извори на ризици во банка
 ▪ Базелски комитет - цели и функции
 ▪ Базел 1 во однос на Базел 2
 ▪ Цели на Базел 2 и негови компоненти
 ▪ Рангирањето како алатка за класификација на ризиците
 ▪ Стандарден приод / ИРБ приод
 ▪ Критериуми за рангирање согласно Базел 2
 ▪ Аспекти на покриеност на капиталот
 ▪ Презентација и дискусија за концептот за рангирање
 ▪ Приниципи за управување со кредитниот ризик - процес на управување со ризикот и организациона поставеност на риск менаџментот
 ▪ Основи на риск менаџментот во Базел 2 - менаџмент на индивидуално риск портфолио

Предавач:
Мр. Volker Nothacker, експерт на "Bankakademie" Франкфурт/М

МЕСТО И ВРЕМЕ НА ОДРЖУВАЊЕ
Скопје, 16-18 ноември 2004 година, од 08:30 до 16:30 часот.