|
ЦЕЛОДНЕВНА ОБУКА ВО БАНКАРСТВОТО
ВО СОРАБОТКА СО "BANKAKADEMIE"
FRANKFURT/M
РАБОТИЛНИЦА: МЕЃУНАРОДНИ ОПЕРАЦИИ
ЦЕЛ НА ОБУКАТА
Работилницата има за цел да ги обучи вработените во банките,
другите финансиски институции и претпријатијата со
различните видови на меѓународни операции. Ќе бидат
прикажани поважните инструменти кои се користат во
меѓународните деловни односи, како и меѓународно прифатената
практика и термини. Меѓународните операции ги опфаќаат и
ризиците од неочекувани промени на девизните курсеви.
ЦЕЛНА ГРУПА
▪
Вработени во одделенија за
меѓународни операции,
▪
вработени во одделенија за
деловни односи,
▪
вработени во филијали,
менаџери за банкарски
▪
производи, вработени во
Бацк-Оффице, ново-
▪
вработените и лица кои сакаат
да стекнат нови или да ги прошират познавањата од областа на
меѓународните операции.
МЕТОДОЛОГИЈА
Методологијата која ќе се применува претставува комбинација
на предавање, интерактивна настава и дискусија. Учесниците
ќе бидат поттикнувани активно да учествуваат со прашања и со
презентација на нивните искуства. Освен тоа, цасе студиес и
калкулации ќе бидат применети со цел да се зголемат
аналитичките вештини на учесниците за важни прашања од
меѓународните операции.
Ќе биде поделен стручен материјал на англиски јазик за
натамошно користење.
НА УЧЕСНИЦИТЕ ЌЕ ИМ БИДЕ ДОДЕЛЕН СЕРТИФИКАТ НА АНГЛИСКИ
ЈАЗИК ОД БАНКАКАДЕМИЕ ФРАНКФУРТ/М
И ЦЕНТАРОТ ЗА БАНКАРСТВО И ФИНАНСИИ-СКОПЈЕ.
СОДРЖИНА
▪
Продлабочување на знаењето за
основните инструменти на меѓународните
банкарски операции
▪
Осознавање на ризиците кои се
присутни во меѓународните плаќања
▪
Меѓународни трговски клаузули
▪
Банкарски гаранции и
краткорочно финансирање
▪
Оспособување на учесниците на
работилницата за давање совети на клиентите во врска со
различните инструменти и ризиците присутни во
меѓународните операции на банките.
ПРЕДАВАЧ
Lieselotte Souren - Експерт на "Bankakademie" Франкфурт/М.
За работилницата ќе биде обезбеден превод од англиски јазик.
МЕСТО И ВРЕМЕ НА ОДРЖУВАЊЕ
Скопје, 27 до 29 јануари 2003 година:
▪
27 јануари од 08 до 17,00 часот;
▪
28 јануари од 08 до 17,00 часот;
▪
29 јануари од 08 до 15,00 часот;
|