Прва страна Профил Програма Тренери Линкови Контакт
ПРОФИЛ   
  Историја
Основни цели и задачи на центарот
  Основачи на центарот
  Органи на центарот и раководење
 

 

ОРГАНИ НА ЦЕНТАРОТ И РАКОВОДЕЊЕ
СОБРАНИЕ НА ЦЕНТАРОТ
ИЗВРШЕН ОДБОР
ДИРЕКТОР
СЕКРЕТАР

НОСИТЕЛИ НА ФУНКЦИИ
Претседател на Собранието на Центарот: Д-р ВЕСНА СТОЈАНОВА
Претседател на Надзорниот одбор на Центарот: Д-р ДЕЈАН ПЕНДЕВ
Директор на Центарот: Д-р БЛАГОЈА НАНЕВСКИ
Секретар на Центарот: М-р КЛИМЕНТИНА ПОПОСКА

Претседател на Собранието на Центарот: Д-р ВЕСНА СТОЈАНОВА
Д-р Весна Стојанова (11.04.1954 година, Скопје), дипломира на Економскиот факултет-Скопје во 1976 година, магистрира, исто така, на Економскиот факултет-Скопје, од областа на маркетингот, во 1982 година, а докторира на Економскиот факултет во Загреб во областа на организационите науки во 1987 година. Од 1979 до 1985 година е вработена на Економскиот факултат во Штип, а по 1985 година работи во Економскиот институт-Скопје. Во досегашниот период има учествувано во изработка на голем број проекти и студии во земјата и странство во својство на непосреден учесник и раководител, од кои поголем дел се објавени. Покрај научноистражувачката дејност, во Економскиот институт-Скопје е ангажирана како наставник во последипломските студиуми за "Меѓународна економија", "Финансиски менаџмент", "Агро бизнис" и "Меѓународен менаџмент" (ФАРЕ-ТЕМПУС последипломски студии во постапка). Д-р Весна Стојанова учествувала и во активности поврзани со обука и тренинзи, при што се истакнува нејзиното учество во програмот "Junior Achievement" каде што е иницијатор и раководител. Претседател е на собраниетето на Центарот за банкарство и финансии.


Претседател на Надзорниот одбор на Центарот: Д-р ДЕЈАН ПЕНДЕВ
Д-р Дејан Пендев (26.06.1948 година, Скопје), дипломира на Електротехничкиот факултет Скопје во 1973 година, магистрира на Електротехничкиот факултет во Љубљана во 1979 година, а докторира на Економскиот факултет во Скопје во 1989 година. Во Економскиот институт-Скопје работи на проблемите на економиката и развојот на претпријатијата. Има изработено повеќе трудови од кои голем дел се објавени. Негова основна преокупација претставува претприемништвото, при што се истакнува неговата книга под наслов "Водич за претприемништво и мал бизнис", објавена во 2000 година. Д-р Дејан Пендев е професот на последипломските студии по "Финансиски менаџмент", раководител на студиумот по "Претприемништво" (во постапка), и има богато искуство во активности поврзани со обука и тренинзи. Претседател е на надзорниот одбор на Центарот за банкарство и финансии-Скопје.


Директрор на Центарот: Д-р БЛАГОЈА НАНЕВСКИ
Д-р Благоја Наневски (25.03 1944, Загоричани, Грција), дипломира на Економскиот факултет во Скопје во 1967 година. На истиот факултет ги завршува последипломските студии по монетарна економија во 1973 година, а докторира, исто така, на тема од монетарната економија во 1982 година. Во Економскиот институт-Скопје е вработен од 1971 година на проблемите од монетарната економија и финансиите. Учествува во изработката на голем број домашни и странски проекти и студии. Има изработено и објавено преку 140 трудови. Д-р Благоја Наневски е професор и раководител на последипломскиот судиум по "Финансиски менаџмент" и професор на студиумот по "Меѓународна економија" при Економскиот институт-Скопје. Учествувал во извршувањето на обуки и тренинзи од областа на финансиите. Раководител е на програмот "Банкарска економија". Директор е на Центарот за банкарство и финансии.


Секретар на Центарот: М-р КЛИМЕНТИНА ПОПОСКА
М-р Климентина Попоска (02.05.1973), дипломира на Економскиот факултет Скопје во 1996 година. На истиот факултет во 2002 год ги завршува последипломските студии по монетарна економија. Во Економскиот факултет -Скопје се вработува од 1998 година како асистент истражувач на монетарна и кредитна политика. Има изработено десетина трудови и учествува на поголем број на семинари, работилници, како и студиски престои во земјата и странство од областа на банкарството и финасиите во земјата и странство. Меѓу позначајните се: Бизнис школа за Банкарство и финансии, Франкфурт, Германија Мај/Јули 2003; Вашингтон универзитет во Ст. Луис, САД 2003/2004; Федерална резервна банка во Ст. Луис, САД Мај/Јули 2004; Волксбанк еГ Боппард, Германија, Август/Септември 2005. Секретар е на проектот Банкарска економија каде што ја поминува и обуката за цертифициран тренер од Банкакадемие, Франкфурт/М по основна банкарска економија. Секретар е на Центарот за банкарство и финансии.